Полицаец починал на сопствената веридба: Веселбата тргна наопаку, гостите не можеа да му помогнат, почина пред да дојде Брзата помош (видео)

Млад полицаец полина пред гостите на својата свршувачка откако паднал и си го пресекол грлото. Овој немил настан се случил во Австралија.

Лиам Тример (29) под неразјаснети околности се лизнал и си пресекол артерија на вратот, по што почнал обилно да крвари.

Полицискиот комесар на Западна Австралија, Кол Бланч, рече дека посетителите на забавата направиле сè што е можно за да го спасат откако му била пресечена каротидната артерија, но не можеле да го запрат крварењето и Лијам починал пред да пристигнат болничарите.

– Сите би сакале да се разбудиме од овој кошмар – изјави Бланш.

Тример и неговата свршеница организираа мала забава во неделата на нивниот имот во Западна Австралија за да ја објават својата свршувачка со пријателите и семејството. Сè уште не е јасно како точно полицаецот ја добил фаталната рана на вратот и каде се случил трагичниот инцидент.

Истрагата е во тек.

Во 2013 година, Тример се пресели од Велика Британија за да започне нов живот во Австралија.