Редовните интимни врски имаат бројни придобивки за здравјето – се зголемува нивото на серотонин и окситоцин во телото, а со тоа се намалува депресијата, нивото на стрес, а е одличен лек за мирен сон и релаксација. Се поставува прашањето: ,,Што се случува во нашето тело кога немаме редовни интимни односи неколку недели и месеци?”
Воздржувањето од интимни врски не мора да има сериозни негативни последици, но телото и мозокот секако реагираат. Апстиненцијата може да влијае и на физичкото и на менталното здравје, пренесува „Medical News Today“.
Еве неколку работи што се случуваат во вашето тело кога ќе престанете да имате секс:
Либидото се намалува
Некои експерти велат дека интимните односи го зголемуваат либидото и имаат позитивен ефект, додека недостатокот од нив доведува до намалување на желбата за страст.
Тоа негативно влијае на имунолошкиот систем
Безброј пати е докажано дека интимните активности позитивно влијаат на имунолошкиот систем. Исто така, мастурбацијата му помага на телото да се бори против инфекции, бактерии и други болести.
Тоа доведува до импотенција кај мажите
Недостатокот на „игри под чаршафи“ предизвикува импотенција кај мажите , додека интимната врска позитивно влијае на нивните физички и ментални способности.
Негативно влијае на кардиоваскуларниот систем
Додека не практикувате вежби за тело или други физички активности, интимноста е одличен начин да го одржите вашето тело во одлична форма и позитивно да влијае на вашето здравје. Ако немате редовно секс, ја намалувате работата на хормоните и срцевите мускули.
Под стрес сте
Општо познато е дека интимноста е најдобриот начин за ослободување од стресот, анксиозноста и напнатоста. Доколку немате редовни односи, поголема е веројатноста да бидете под стрес, што доведува до висок крвен притисок.