Што се случува во телото кога долго време немате интимен однос? И двата пола страдаат, а за мажите е катастрофално – Не дај Боже…

Редовните интимни врски имаат бројни придобивки за здравјето – се зголемува нивото на серотонин и окситоцин во телото, а со тоа се намалува депресијата, нивото на стрес, а е одличен лек за мирен сон и релаксација. Се поставува прашањето: ,,Што се случува во нашето тело кога немаме редовни интимни односи неколку недели и месеци?”

Воздржувањето од интимни врски не мора да има сериозни негативни последици, но телото и мозокот секако реагираат. Апстиненцијата може да влијае и на физичкото и на менталното здравје, пренесува „Medical News Today“. 

Еве неколку работи што се случуваат во вашето тело кога ќе престанете да имате секс:

Либидото се намалува

Некои експерти велат дека интимните односи го зголемуваат либидото и имаат позитивен ефект, додека недостатокот од нив доведува до намалување на желбата за страст.

Тоа негативно влијае на имунолошкиот систем

Безброј пати е докажано дека интимните активности позитивно влијаат на имунолошкиот систем. Исто така, мастурбацијата му помага на телото да се бори против инфекции, бактерии и други болести.

Тоа доведува до импотенција кај мажите

Недостатокот на „игри под чаршафи“ предизвикува импотенција кај мажите , додека интимната врска позитивно влијае на нивните физички и ментални способности.

Негативно влијае на кардиоваскуларниот систем

Додека не практикувате вежби за тело или други физички активности, интимноста е одличен начин да го одржите вашето тело во одлична форма и позитивно да влијае на вашето здравје. Ако немате редовно секс, ја намалувате работата на хормоните и срцевите мускули.

Под стрес сте

Општо познато е дека интимноста е најдобриот начин за ослободување од стресот, анксиозноста и напнатоста. Доколку немате редовни односи, поголема е веројатноста да бидете под стрес, што доведува до висок крвен притисок.