Фотографијата на Кристијано Роналдо од сауна предизвика невидена врева на социјалните мрежи.
Славниот Португалец неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од сауна, каде тој често сака да се релаксира, а еден детал на неа привлече невидено внимание кај неговите обожаватели.
Обожавателите веднаш забележале дека Португалецот ги „фарбал“ ноктите на нозете и поради тоа стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
Интересно е што има разумно објаснување за шокантниот потег на Португалецот.
Познато е дека Роналдо е перфекционист и дека е исклучително посветен на тренинзите, исхраната и дека многу се грижи за своето здравје. Затоа, како и ММА борците, тој нанел лак за да ги заштити од габи и бактерии кои лесно може да се пренесат во сауната и другите места каде што престојува без чевли.