Што се случува со Кристијано Роналдо !? Фудбалерот си ги лакира ноктете на нозете! Навивачите го осудија, но за шокантниот потег има чудно објаснување (фото)

Фотографијата на Кристијано Роналдо од сауна предизвика невидена врева на социјалните мрежи.

Славниот Португалец неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од сауна, каде тој често сака да се релаксира, а еден детал на неа привлече невидено внимание кај неговите обожаватели.

Обожавателите веднаш забележале дека Португалецот ги „фарбал“ ноктите на нозете и поради тоа стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Интересно е што има разумно објаснување за шокантниот потег на Португалецот.

Познато е дека Роналдо е перфекционист и дека е исклучително посветен на тренинзите, исхраната и дека многу се грижи за своето здравје. Затоа, како и ММА борците, тој нанел лак за да ги заштити од габи и бактерии кои лесно може да се пренесат во сауната и другите места каде што престојува без чевли.