Посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека поради одржување на демонстрациите во црквата „Свети Спас“ во Скопје по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Улицата „Самоилова“ по потреба ќе биде затворена за сообраќај во правец од улицата „Иљо Војвода“ на крстосницата со улицата „Прохор Пчински“.

Исто така, поради одбележувањето на верскиот празник Велигден, попладне ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на одредени патни правци во централното подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Во периодот од 18:00 часот до завршување на манифестацијата по повод Воскресението Христово, центарот на градот ќе биде затворен за сообраќај. На возилата од градскиот јавен превоз кои минуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе им се менува трасата по потреба.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на улиците каде што ќе се случуваат настаните.