„Сè се тресеше а потоа се слушаа и врисоци“ Стравични сцени пристигнуваат од Америка – камерите во живо го снимија земјотресот (ВИДЕО)

Вчера попладне по локално време силен земјотрес го погоди брегот на Еквадор, а токму тој момент го забележаа и локалните телевизиски камери. Имено, земјотресот се случил додека се одвивала емисија во живо.

Водителот и гостите најпрво беа изненадени, а потоа домаќинот повика на смиреност и рече дека ќе направат пауза за да чекаат тресењето да стивне.

Како што земјотресот стануваше сè посилен, сите почнаа да бегаат и да бараат засолниште, а иако сликата повеќе не се гледаше, звукот остана, а се слушаа и врисоци на жената која се наоѓаше во другата соба.

Да потсетиме, во Еквадор имаше два земјотреси. Првиот се случил во 12:12 часот и бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, а вториот со магнитуда од 4,8 степени според Рихтер а се случил во 12:22 часот по локално време.

14 лица загинаа, а најмалку 126 се повредени. Епицентарот бил во градот Балао, кој се наоѓа во крајбрежниот појас на земјата.