WHATSAPP ДОБИВА ГОЛЕМО ПОДОБРУВАЊЕ: Повеќе нема да треба да зачувувате броеви за да повикате некого, и тоа не е се!

Функцијата за директно бирање може да користи интернет податоци за остварување повици

WhatsApp развива нова функција која ќе им овозможи на корисниците да ги повикуваат луѓето директно од апликацијата без претходно да зачувуваат телефонски броеви. Оваа иновација би можела значително да го поедностави процесот на телефонски повици, што ќе го направи побрз и поефикасен.

WhatsApp

Според извештајот на WABetaInfo, најновата бета верзија на WhatsApp за Android, означена со 2.24.9.28 , која е достапна на Google Play Store, открива дека функцијата за директно бирање во апликацијата е во развој.

Функцијата за директно бирање може да користи интернет податоци за да го оствари повикот, што е обично поисплатливо од традиционалните повици преку мобилната мрежа, особено кога станува збор за меѓународни комуникации. Оваа предност би била особено изразена за корисниците кои имаат пристап до Wi-Fi или евтини стапки на податоци.

Деталите за точниот датум на објавување на новата функција сè уште не се официјално потврдени.