Повеќе минути користејќи го мобилниот телефон значи поголем ризик за вашето здравје: “Луѓето се зависни од социјалните мрежи, видеа, игри…“

Еве како мобилните телефони влијаат на нашето здравје и срце!

Мобилните телефони, резултат на модерното време, имаат големо влијание врз промените во нашето општество. Не можеме без нив, а како што се покажува се повеќе во последно време, со нив ни е се потешко и полошо. Не толку од самите мобилни телефони, туку содржината што ја консумираме преку нив и ја следиме секојдневно.

Социјални мрежи, вести од различни извори, Интернет – место каде што можете да најдете многу непроверени информации – сето тоа влијае на свеста на поединецот, па дури и на целото општество. Неодамна спроведено британско истражување покажало дека телефонските повици го зголемуваат крвниот притисок и го оптоваруваат срцето.

Експертите ги споредиле податоците за секојдневната употреба на мобилни телефони и новите случаи на висок крвен притисок кај 212.046 Британци на возраст од 37 до 73 години. Тие откриле дека корисниците на телефони имаат седум отсто поголем ризик да ја развијат оваа состојба – во споредба со луѓето кои редовно не користат мобилен телефон.

Луѓето кои „разговарале“ на телефон 30 минути или повеќе неделно имале 12 отсто поголем ризик од оние кои користеле телефони, но поминувале помалку време на повици. Повеќе од шест часа неделно го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок за 25 проценти.

Пишувајќи во European Heart Journal, кинескиот професор Ксијанхуи Чин кажал дека радио брановите што ги емитуваат телефоните се поврзани со повисок крвен притисок.

Бројот на минути кои луѓето ги поминуваат зборувајќи на мобилен телефон е важен за здравјето на срцето. Повеќе минути значи поголем ризик. Потребни се повеќе истражувања за да се одговори на нашите резултати, но дотогаш се чини разумно да се сведуваат повиците на мобилен телефон на минимум“, напишал кинескиот професор. Тој исто така додал дека во просек поминуваме речиси пет часа дневно на нашите уреди, а повеќето од нас се „изедени“ од апликациите кои предизвикуваат зависност, како што се социјалните мрежи, видеата, игрите…