ТОТАЛЕН ХАОС НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ АЕРОДРОМИ – Летовите прекинати поради мистериозен дрон на небото !?

Мистериозен дрон кој бил забележан во четвртокот вечерта доведе до краткотраен хаос на аеродромот во Франкфурт, пишува магазинот Fenix.

Најголемиот германски аеродром целосно прекина со работа на 40 минути.

Мистериозниот дрон прв пат бил забележан нешто по 20 часот, по што немало повеќе полетувања. По второто гледање, летовите биле целосно прекинати од околу 20:30 до околу 21:10 часот, соопшти во петокот наутро портпаролката на операторот Fraport.

Fraport објави 20 откажани летови во четвртокот навечер, но не е јасно дали сите се должат поради дронот.

Имаше и бројни одложувања, но портпаролката не можеше да ја каже точната бројка. Некои летови се одложени за овој петок. Операторот на аеродромот ги повика патниците да го проверат статусот на нивниот лет и да пристигнат порано на аеродромот. Поради зголемениот број на патници, можни се подолги чекања.

Портпаролот на Федералната полициска управа одговорна за аеродромот, исто така, го потврди видувањето на дронот. Нема информации за откажани летови на веб-страницата на аеродромот во петокот наутро.

Засега нема повеќе информации за дронот, пренесуваат германските медиуми.