Основачот на Амазон, Џеф Безос (59) се вери со својата девојка Лорен Санчез (53), пишува британски Дејли Мејл.
Лорен го кажа судбоносното „да“ на луксузната јахта на Безос, а папараците набрзо ги „уловија“ огромен прстен кој го имаше на на раката.
Лорен е поранешна ТВ водителка, а таа и милијардерот официјално се заедно од 2019 година, кога и двајцата ставија крај на долгогодишните бракови.
Таа и Џеф долго време беа љубовници, а потоа протекоа нивните љубовни преписки па и двајцата се разделија од своите партнери.
Пред Лорен, Безос беше во брак со писателката Мекензи Скот 25 години, а се разведоа во 2019 година.