Џеф Безос ја запроси поранешната љубовница: Го кажа судбоносното „ДА“ во луксузната вила на милијардерот! (фото)

Основачот на Амазон, Џеф Безос (59) се вери со својата девојка Лорен Санчез (53), пишува британски Дејли Мејл.

Лорен го кажа судбоносното „да“ на луксузната јахта на Безос, а папараците набрзо ги „уловија“ огромен прстен кој го имаше на на раката.

Лорен е поранешна ТВ водителка, а таа и милијардерот официјално се заедно од 2019 година, кога и двајцата ставија крај на долгогодишните бракови.

Таа и Џеф долго време беа љубовници, а потоа протекоа нивните љубовни преписки па и двајцата се разделија од своите партнери.

Пред Лорен, Безос беше во брак со писателката Мекензи Скот 25 години, а се разведоа во 2019 година.