Во јавноста често се појавуваат видеа и фотографии на кои Бен Афлек се намурти или се расправа со неговата избраничка Џенифер Лопез, а сега се случи обратната ситуација.
Џенифер и Бен биле снимени како излегуваат на вечера во луксузен ресторан во Холивуд, а додека влегувале во автомобилот, во еден момент му пришле многу обожавателки кои сакале да се фотографираат со познатиот актер.
Група девојки го запреа својот автомобил и му извикаа низ прозорецот на Афлек дека го сакаат. Додека тој успешно глумеше незаинтересираност, неговата сопруга не се воздржуваше.
Пејачката им викала низ отворената врата да се оттргнат од сопругот, а потоа се свртела од нив и почнала гласно да се смее, заедно со присутните обожаватели и луѓето пред ресторанот.
Видеото набрзо беше објавено на социјалните мрежи, а некои беа изненадени од нејзината реакција.
Quem ama vigia, né?! Jennifer Lopez, brincando, repreende fã flertando com Ben Affleck: “Para trás, vadia!” 😅 pic.twitter.com/OCfhk2pH75
— escutai (@escutai) November 7, 2023