Џеј Ло на каква што не сме навикнати: Потегот ги изненади фановите

Во јавноста често се појавуваат видеа и фотографии на кои Бен Афлек се намурти или се расправа со неговата избраничка Џенифер Лопез, а сега се случи обратната ситуација.

Џенифер и Бен биле снимени како излегуваат на вечера во луксузен ресторан во Холивуд, а додека влегувале во автомобилот, во еден момент му пришле многу обожавателки кои сакале да се фотографираат со познатиот актер.

Група девојки го запреа својот автомобил и му извикаа низ прозорецот на Афлек дека го сакаат. Додека тој успешно глумеше незаинтересираност, неговата сопруга не се воздржуваше.

Пејачката им викала низ отворената врата да се оттргнат од сопругот, а потоа се свртела од нив и почнала гласно да се смее, заедно со присутните обожаватели и луѓето пред ресторанот.

Видеото набрзо беше објавено на социјалните мрежи, а некои беа изненадени од нејзината реакција.