Претседателот на САД, Џо Бајден, денес разговараше со папата Франциско за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Двајцата разговараа за неопходноста да се спречи ескалација во регионот и да се работи за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, соопшти Белата куќа.
Претходно, Ватикан соопшти дека разговорот, кој траел околу 20 минути, се фокусирал на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир.
Белата куќа соопшти дека Џо Бајден телефонски разговарал за ова прашање и со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.