Џо Бајден и папата Франциско телефонски разговараа за ситуацијата во Израел и Појасот Газа

Претседателот на САД, Џо Бајден, денес разговараше со папата Франциско за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа.

Двајцата разговараа за неопходноста да се спречи ескалација во регионот и да се работи за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, соопшти Белата куќа.

Претходно, Ватикан соопшти дека разговорот, кој траел околу 20 минути, се фокусирал на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир.

Белата куќа соопшти дека Џо Бајден телефонски разговарал за ова прашање и со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.