Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека се ослободени 12 тајландски граѓани кои беа заробени од Хамас.
Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците.
Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар.
Хамас ослободи и 13 израелски заложници од Појасот Газа. Со тоа вкупниот број на ослободени се искачи на 25.
Околу 39 палестински затвореници, 24 жени и 15 тинејџери, ќе бидат ослободени од израелските затвори на Западниот Брег како дел од привремениот договор за прекин на огнот.