25 лица на слобода! Тајландскиот премиер: Хамас ослободи 12 тајландски заложници кои не се дел од договорот за прекин на огнот

Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека се ослободени 12 тајландски граѓани кои беа заробени од Хамас.

Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците.

Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар.

Хамас ослободи и 13 израелски заложници од Појасот Газа. Со тоа вкупниот број на ослободени се искачи на 25.

Околу 39 палестински затвореници, 24 жени и 15 тинејџери, ќе бидат ослободени од израелските затвори на Западниот Брег како дел од привремениот договор за прекин на огнот.