Познат актер брутално убиен со мачета

Измаченото тело на Кевин Андрес Муњоз Товар било пронајдено во понеделникот во градот Тулуа со неколку рани од мачета, објавија локалните медиуми.

Полицијата ја извести јавноста дека под сомнение за убиство е приведено 19-годишно момче чиј идентитет не се открива.

Шефот на полицијата ги информираше локалните медиуми велејќи: „Полицијата во Вале соопштува дека, благодарение на брзите информации од граѓаните, уапсен е 19-годишен маж, кој е поврзан со смртта на Кевин Андрес Муњоз Товаp -познат актер од колумбиски филм. Лицата кои го извршија нападот потоа побегнаа од местото, но благодарение на информациите што ги добивме од заедницата, еден од нив беше идентификуван и уапсен.

Кевин одигра помала улога во филмот на Netflix од 2020 година ,,Лаваперрос”, во режија на Карлос Морено. Филмот се занимава со конфликтот помеѓу еден човек кој се соочува со финансиски проблеми и една девојка која има намера да го ликвидира.

Млад колумбиски актер, кој соработувал со Netflix и Apple TV, бил пронајден мртов со врзани раце и нозе.

Мотивот за убиството засега не е познат.