– Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема, побарал од клупскиот претседател Флорентино Перез да ангажира на крајот од сезоната квалитетен напаѓач, пренесуваат денеска шпанските медиуми.
Весникот „Фихајес“ наведува дека 35-годишниот Бензема во разговор со Перез потенцирал дека покрај себе мора да има квалитетен фудбалер во нападот.
„Бензема има 35 години и свесен е дека полека ја губи физичката моќ. Тој неодамна разговарал со Перез и го предупредил дека на Реал му е потребно уште едно големо име во нападот. Новиот напаѓач постепено би го преземал местото на Бензема во почетниот тим и бил ударна сила на Реал во следните сезони‘, пишува шпанскиот весник.
Бензема е член на Реал од 2009 година, а лани прв пат во кариерата ја освои „Златната топка“.