Тоше Проески беше еден од најголемите изведувачи на забавна музика. Загина во октомври 2007 година, како последица на сообраќајна несреќа.
Уште како мал знаел дека ќе се занимава со музика, а на Инстаграм се појави фотографија на која гледаме насмеано момче.
Под фотографијата има коментари на фановите на Тоше, кои се воодушевени.
„Ангел наш“, „ Зајди, Зајди”, Ги обожавам неговите песни“, „Убава и чиста душа“, се дел од коментарите под објавата, а имаше и емотикони за плачење.
Да потсетиме, Тоше Проески на балканската сцена се појави во 2001 година, а подоцна дебитираше со албумот „Ако ме погледнеш во очи“.
Тој ги нанижа хитовите како „Чија си“, „Среќна ли си ти“, „Соба за тага“, „Кој ти гризе образи“…