Никогаш необјавена фотографија од Тоше Проески: Балканот сè уште плаче по нашиот пејач, вака изгледал како дете (фото)

Тоше Проески беше еден од најголемите изведувачи на забавна музика. Загина во октомври 2007 година, како последица на сообраќајна несреќа.

Уште како мал знаел дека ќе се занимава со музика, а на Инстаграм се појави фотографија на која гледаме насмеано момче.

Под фотографијата има коментари на фановите на Тоше, кои се воодушевени.

„Ангел наш“, „ Зајди, Зајди”, Ги обожавам неговите песни“, „Убава и чиста душа“, се дел од коментарите под објавата, а имаше и емотикони за плачење.

Да потсетиме, Тоше Проески на балканската сцена се појави во 2001 година, а подоцна дебитираше со албумот „Ако ме погледнеш во очи“.

Тој ги нанижа хитовите како „Чија си“, „Среќна ли си ти“, „Соба за тага“, „Кој ти гризе образи“…