back to top
10.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

ВЛЕН ја освојува битката за Чаир – граѓаните масовно го поддржаа Изет Меџити

Други наслови

Во општина Чаир владее славеничка атмосфера откако неофицијалните резултати покажуваат дека кандидатот на коалицијата Вреди, Изет Меџити, е во убедливо водство пред противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи.

Според извори блиски до коалицијата Вреди, Меџити е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг. „Резултатите од гласачките места укажуваат на значајна предност за нашиот кандидат, што ја потврдува јасната волја на граѓаните за промени во Чаир“, велат неофицијално од Вреди.

Симпатизерите на коалицијата веќе излегоа на улиците и ја прославуваат изборната победа, додека се очекува официјалната потврда од Државната изборна комисија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести