back to top
16.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Во солунското пристаниште пронајдени 270 килограми кокаин

Други наслови

Грчката полиција откри повеќе од 270 килограми кокаин во солунското пристаниште и уапси тројца членови на меѓународна банда.

Според извештаите, грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин, со проценета вредност од над 5,5 милиони евра, во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнала во пристаништето во Солун , а уапсени се и тројца членови на меѓународна криминална организација.

Грчката полиција соопшти дека е разбиена криминална организација откако биле користени информации добиени од Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија „во врска со транспорт и увоз на контејнери со голема количина кокаин по море од латиноамериканска земја до пристаништето во Солун“.

Во среда беше спроведена голема операција и беше пронајден контејнер во кој дрогата беше скриена во посебен оддел, а членови на криминалната организација беа уапсени во саботата во предградие на Атина.

„Тројцата уапсени, на возраст меѓу 32 и 47 години, имале специфични улоги во увозот и трговијата со дрога. Нелегалната финансиска добивка на членовите на организацијата од продажбата на конфискуваната количина кокаин се проценува на повеќе од 5.500.000 евра“, се вели во полициското соопштение.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести