back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Изборниот молк започнува утре на полноќ

Други наслови

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информира радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври, почнувајќи од 00:00 часот до 19:00 часот на 19 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но се забранети сите форми на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета пренесувањето на какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесниците во изборите, каква било форма на медиумско известување што е отворено или тајно во функција на нечија кампања и може да влијае на одлуката на гласачите, податоци што го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во владини тела.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести