back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Паника на летот: Патник се обиде да ја отвори вратата, авионот принудно слета во Тулуз

Други наслови

Лет од Борнмут кон Жирона на авиокомпанијата „Рајанер“ беше принудно пренасочен кон аеродромот Тулуз-Блањак откако патник, наводно под дејство на алкохол, се обиде да ја отвори вратата за евакуација.

Инцидентот започнал кратко по полетувањето кога човекот се упатил кон вратата извикувајќи „Сакам да одам“. Другите патници го спречиле, што ескалирало во тепачка во кабината. Сведоците опишаа сцени на хаос, крв и вресоци, додека човекот ги удирал и плукал патниците, и се обидел да удри со глава еден постар човек.

Екипажот и неколку патници успеале да го совладаат, врзувајќи му ги нозете со продолжетоци од безбедносните појаси, но неговото агресивно однесување продолжило, па пилотите одлучиле за итно слетување во Тулуз. Патникот бил предаден на полицијата, а летот потоа продолжил кон Жирона.

„Рајанер“ потврди дека пренасочувањето било поради насилното однесување на патникот и нагласи дека авиокомпанијата има строга политика на нулта толеранција кон недолично однесување. Овој инцидент е втор ваков на лет на „Рајанер“ во краток временски период.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести