back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Поедноставени процедури за дозволи за престој во Македонија

Други наслови

Странските државјани повеќе нема да мора да трчаат по судските шалтери за да добијат потврди за кривична евиденција. Проверките ќе ги врши самото Министерство за внатрешни работи.

Како што соопштија за „Алсат“ од Министерството за внатрешни работи, со процедуралните измени за продолжување на привремениот престој на странци или добивање дозвола за престој, инспекторите повеќе нема да бараат докази од подносителот на барањето, туку истите ќе ги обезбедуваат самите инспектори.
„Тие повеќе нема да мора да ги обезбедуваат овие критериуми, предвидени во член 72 од Законот за странци, преку судовите, туку инспекторите за странци од надлежните единици при Министерството за внатрешни работи ќе ги обезбедуваат овие докази по службена должност преку внатрешни контроли, кои сега се технички достапни и ставени во функција.

„Целта на промените не е само скратување на времето потребно за поднесување, преглед и решавање на поднесените барања, туку и воспоставување интеракција меѓу надлежните институции“, велат од Министерството за внатрешни работи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести