back to top
20.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и Велес: Јорданов и Колев добија втор мандат

Други наслови

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и градоначалникот на Велес, Марко Колев добија нови мандати откако издвоија убедлива победа во првиот круг од локалните избори.

„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа.

На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале!“, објави Јорданов на Фејсбук.

Марко Колев во Велес издвојувал убедлива победа во однос на кандидатката на СДСМ, Маја Хеско од 5:1.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести