back to top
9.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

ФФМ: Ученици и млади фудбалери со бесплатен влез на дуелот Македонија – Казахстан

Други наслови

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека за натпреварот помеѓу Македонија и Казахстан, кој ќе се одигра утре (13 октомври) на националната арена „Тодор Проески“ во 20:45 часот, ќе има бесплатен влез на источната трибина за младите љубители на фудбалот.

Бесплатен влез ќе имаат сите млади фудбалери придружувани од своите тренери од Детската лига, фудбалските школи од регионалните лиги, како и сите категории во системот на ФФМ — пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

Исто така, сите ученици од основните училишта ќе можат бесплатно да присуствуваат на натпреварот и да дадат поддршка на македонската репрезентација.

ФФМ ги повика младите спортски генерации да ја исполнат трибината и да создадат атмосфера достојна за црвено-жолтите

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести