back to top
10.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Путин испрати двојник на средбата со Трамп? АНКЕТА

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа вчера во Алјаска, а по средбата, теоретичарите на заговор почнаа со своите претпоставки.

Имено, теоретичарите на заговор се убедени дека Владимир Путин всушност не се сретнал со 
Доналд Трамп во Алјаска, туку дека рускиот претседател испратил двојник.

Тие ги темелеа своите претпоставки на изгледот и одењето на Путин, тврдејќи дека лицето кое слетало на Алјаска имало пополни јаболчници и изгледало посреќно од Путин.

„Мислам дека ова е двојникот број 5 на Путин. Всушност не личи на него. Образите му се позаоблени и не оди со вообичаените движења“, „Тоа буквално не е вистинскиот Путин. Дури и не испратија добар двојник“, „Секој што сè уште не верува дека ова е двојникот на Путин е идиот“, „Образите му се премногу дебели и се смее премногу. Изгледа како цело време да се обидува да го потисне смеењето“, „Премногу е жив. Вистинскиот Путин има посериозно лице, многу малку емоции“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.

Шпекулациите за двојник не се новина

Шпекулациите дека Путин користи двојници не се ништо ново. Всушност, постои цела страница на Википедија посветена на „наводни двојници на Владимир Путин“.

Застапниците на оваа теорија веруваат дека двојниците на Путин биле подложени на операција за да личат повеќе на него. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести