ВИДЕО | Морничава приказна на девојка која изнајмила викендица преку Интернет за забава со пријателките го шокираше светот: “Беше многу страшно, го откривме во бањата…“

Една млада девојка (26 г.) го сподели на социјалната мрежа Тик Ток необичното и малку морничаво искуство на престој во куќа резервирана преку платформата Airbnb.

Девојката со презиме Кенеди и 14 пријатели останале во куќа по повод 30-тиот роденден на една од пријателките. Девојките уживале во куќата, далеку од секојдневниот стрес, кога една од девојките се пожалила дека чувствува болка во задниот дел од вратот.

Таа им кажа на своите пријателики дека се чувствува како да има камери во куќата – но другите ги кренале само рамениците.

Кенеди останала шокирана кога една девојка пронашла скриена камера во електричен штекер во бањата која била насочена директно кон тушот.

И кажавме дека премногу време поминува на ТикТок и дека прави драма без причина“, се присети таа што и кажале на пријателката која се посомневала и додала: „Пребарав сè, секој туш, сите рамки за слики, рачки на вратите, бараше насекаде низ куќата за камера… и пронајдов само една во бањата“, кажала таа во видеото објавено на социјалната мрежа.

Скриениот уред се наоѓал во еден од приклучоците на ѕидот од бањата. Групата пријателки во тој момент веќе два дена престојувале во куќата во Канада и многу време поминувале во бањата за да се тушираат и пресоблекуваат.

Значи, пред се, штекерот не работеше, не можеше ништо да приклучиш во него“, објаснила девојката.

Таа кажала дека горниот дел од штекерот изгледал сосема нормално, но дека долниот дел имал мала камера која не се гледала лесно и на прв поглед.

Групата девојки шокирани од ова веднаш повикале полиција, која потоа ја пребарала куќата за други уреди за снимање. Полицијата отворила истрага за случајот и закажала разговор со сопствениците на имотот.

Поентата на приказната е дека секогаш кога престојувате во викендички на Airbnb, мора да барате камери и да ги слушате вашите параноични пријатели“, предупредила Кенеди во видеото.

Илјадници следбеници на социјалната мрежа Тик Ток биле згрозени од оваа приказна и однесувањето на сопственикот на Airbnb.

Ова е мојот најлош кошмар, апсолутно застрашувачки“, гласи еден од коментарите оставен под видеото.

викендицакамераКанадаТик Ток