Додека целиот регион тагува по смртта на Халид Бешлиќ, ресторанот во кој тој редовно одеше му оддаде почит со тоа што го „означи“ неговото место: „Вечерва твојот стол е тука“.
Имено, станува збор за ресторанот Зацин, а на нивниот Инстаграм профил споделија фотографија од местото на Халид каде што беа оставени чашите и сараевското пиво.
„Вечерва твојот стол е тука. И Сараево е тука… Нека почива во мир твојата душа, наш сакан маестро“, изјавија тие во „Стори“.
Да ве потсетиме дека Бешлиќ почина вчера на 72-годишна возраст по кратко и тешко боледување.
Од него се простија бројни познати личности, почнувајќи од Назиф Глива, Дина Мерлин, Младен Војичиќ Тифа, Ханка Палдум, Лепа Брена и многу други.
Вечерва, со почеток во 19 часот, пред Младинскиот центар во Сараево ќе биде организиран собир во чест на овој легендарен пејач. Граѓаните се поканети да донесат гитари, звучници, тапани…
Комеморацијата за Халид Бешлиќ ќе се одржи во понеделник, 13 октомври, во Народниот театар во Сараево со почеток во 11 часот. Погребот ќе се одржи во 13:30 часот во џамијата Гази Хусрев-бег, а ќе биде погребан на градските гробишта во Баре во 15 часот.