back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Други наслови

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во октомври. Според информациите од Собранието, во петок или во сабота ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во Државната изборна комисија (ДИК), локалните избори се најголеми и најмасовни. Карактеристично исто така за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право тоа ќе може да го направи само доколку допатува во земјата.

ДИК, како што брифираат, со месеци наназад се подготвува за спроведување на овие осми локални избори во земјата. Веднаш по распишувањето на изборите во петок или во сабота, ДИК ќе одржи јавна седница на која согласно Изборниот законик ќе биде објавен календарот со сите рокови за избирачките дејствија, како и сите права и обврски за избирачките органи, учесниците на изборите и медиумите.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести