back to top
27.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Орце Ѓорѓиевски објави нови имиња во својот тим. Меѓу нив и Гоце Станковски, кој во минатото доби затворска казна за примање поткуп

Други наслови

Гоце Станковски во тимот на Орце Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи се пофали со нови засилувања во неговиот тим, меѓу кои и професори од различни области. Но, јавноста особено го забележа името на Гоце Станковски.

Станковски е поранешен раководител во Министерството за транспорт и врски, кој своевремено беше уапсен, обвинет и осуден за примање поткуп. Според судските документи, тој за износ од 9.000 евра ветил сообраќајно решение за дозвола за бензинска пумпа на патот Скопје – Велес.

Тогашен министер беше Миле Јанакиески, а судот му изрече на Станковски казна затвор од две и пол години.

И покрај оваа мината судска пресуда, денес Станковски повторно се враќа на јавната сцена – овојпат како дел од изборниот тим на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

👉 Целото видео од објавата на Ѓорѓиевски можете да го погледнете ОВДЕ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести