back to top
11.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Османи: Ја приватизираа топланата, најблискиот соработник на Меџити е еден од сопствениците

Други наслови

Во првата предизборна пресметка за Чаир на телевизија Телма, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, политички го нападна својот противник, Изет Меџити.

„Постојат медиумски извештаи дека топланата е приватизирана и дека во сопственичката структура се вклучени најблиските соработници на мојот противник. Затоа велам: коренот на проблемот во Чаир мора да се отсече – приоритетот да се даде на комерцијалните интереси и корупцијата“, рече Османи.

Тој го опиша начинот на кој е водена општината како клиентелистички и приватизирачки систем што го нарушува јавниот интерес во Чаир.

„Фотелјата може да се поправи – има доволно ресурси. Но, со години завршуваа таму каде што не треба. Влегувам со чесност, дисциплина и посветеност, исто како во секоја институција што ја водам, а си одам без ниту една дамка“, нагласи Османи.

Со остар политички тон, Османи покрена неколку прашања кои, според него, бараат итни одговори.

„Кој ја приватизираше топланата и зошто? Кој има корист додека граѓаните плаќаат високи сметки и дишат загаден воздух? Дали Чаир е заложник на олигархиските кругови блиски до Меџити?“, праша Османи.

Тој предупреди на нулта толеранција кон корупцијата и ја нагласи потребата од јавна одговорност.

„Јавно ветувам: ако корупцијата не се сведе на нула во Чаир за 100 дена, нема да продолжам понатаму. Нека процени јавноста. Моето име не е валута за пазарење под маса“, изјави Османи.

Во делот поврзан со енергетиката, Османи ја поврза оваа тема со пошироката политичка слика на заробените институции.

„Гасификација – да. Модерни и транспарентни системи за греење – да. Но, прво треба да ја вратиме контролата кај граѓаните“, рече тој.

Османи нагласи дека од овие избори не бара ништо за себе, туку Чаир да ги врати своите пари, патишта и достоинство.

„Ова не е само кампања, ова е битка против урбаната мафија и клиентелизмот. Ќе ги отвориме сите книги, ќе ја запреме уцената и ќе ја вратиме општината на граѓаните. Чаири заслужува воздух, ред и правда – а не приватни монополи и партиски каси“, заклучи Османи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести