back to top
11.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Пет лица загинаа во руски напад врз Харков: Девојче (1) и момче (6) убиени

Други наслови

Најмалку пет лица, меѓу кои и две деца, загинаа во ноќен руски воздушен напад врз станбена област во Харков, потврди гувернерот на источниот украински регион, Олех Синехубов.

Во нападот се повредени 20 лица, јавува „Скај њуз“.

Синехубов објави преку апликацијата Телеграм дека едногодишно девојче и шеснаесетгодишно момче ги загубиле животите во напад со беспилотно летало врз вториот по големина град во Украина.

Тој нагласи дека бројот на повредени во нападот „континуирано се зголемува“.

Градоначалникот Ихор Терехов потврди дека се повредени 20 лица, од кои шест се деца.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести