back to top
16.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Путин пристигна кај Си Џинпинг

Други наслови

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина на покана од кинескиот претседател Си Џинпинг, објави денес РИА Новости.

Авионот со кој се наоѓаше рускиот претседател слета во Тјенџин, каде што Путин ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), за време на кој ќе одржи билатерални средби со странски лидери.

Посетата на рускиот лидер ќе трае четири дена, до 3 септември. Програмата вклучува и посета 
на Пекинг , каде што е планирана трилатерална средба со лидерите на Монголија и Кина , како и одделни разговори со Си Џинпинг и други шефови на држави.

Исто така, планирано е рускиот претседател да присуствува како главен гостин на свечените настани во Пекинг, посветени на 80-годишнината од победата над милитаристичката Јапонија и крајот на Втората светска војна.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести