back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Се врши увид во опожарената фабрика во Виница

Други наслови

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница.Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат.

Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот.

Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер.

Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести