back to top
7.8 C
Skopje
вторник, 3 ноември , 2026

Агонијата на голманот кој предизвика голема трагедија: Плачеше во соблекувалната, се молеше за починатиот Шпанец

Други наслови

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше длабоко потресен по судирот со напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина во вторник наутро. Според „АС“, тој плачел и се молел во соблекувалната.

Според шпанскиот спортски весник, играчите од Андора по враќањето од Тенерифе покажале голема загриженост за 25-годишниот голман, кој бил видливо потресен. Луѓе блиски до репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја го опишуваат како грижлива и многу љубезна личност, без никаква злоба.

Овоно беше исфрлен од теренот со извици „убиец“, по што го деактивираше својот Инстаграм профил. Полицијата започна истрага за смртта на Де Мигел.

Застој во продолжение

Судирот се случи во понеделник, во судиското продолжение од натпреварот од Сегунда дивизијата помеѓу Тенерифе и Андора. Овоно истрча од голот за да исчисти долга топка и го удрил со колено 30-годишниот напаѓач во главата и градите. Некои играчи плачеа додека Де Мигел лежеше неподвижен на теренот.

Овоно доби директен црвен картон, а судијата го прекина натпреварот. Де Мигел доживеа срцев удар, беше реанимиран, а потоа примен на интензивна нега. Тенерифе објави во понеделник вечерта дека неговата состојба е стабилна, но сериозна. Во текот на ноќта се влоши и тој почина во вторник во 8 часот.

УЕФА одлучи сите европски натпревари оваа недела да започнат со минута молчење во негова чест. Де Мигел беше соиграч на босанскиот фудбалер Анес Крџалиќ во Тенерифе.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести