back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Аеродромите во Македонија забележаа раст од 31,2% на патници во периодот јануари-мај 2026 година

Други наслови

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на ADP групацијата, продолжуваат да бележат двоцифрен раст на бројот на патници.

Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата аеродроми во Северна Македонија опслужиле 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови е зголемен за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.

Истовремено со анализата на статистиката на ТАВ Македонија за првите 5 месеци, Меѓународниот совет на аеродроми за Европа (ACI Europe) ја објави својата анализа на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром во Скопско и аеродромот во Охрид се рангирани како најбрзо растечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ.

Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите од ЕУ бележат негативни бројки за патнички сообраќај (-7,6%) за прв пат по закрепнувањето од Ковид, помал број пазари како што се Северна Македонија (+30,6%), Албанија (+25,3%) и Молдавија (+24,6%), кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат импресивен раст. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести