Управниот одбор на аеродромот во Нешвил во петокот едногласно гласаше за започнување на процесот на преименување на градскиот аеродром во чест на покојната легенда на кантри музиката Доли Партон.
Управата на аеродромот во метрополитенската област Нешвил гласаше со шест гласа „за“ и ниту еден „против“ за започнување на процесот на преименување на аеродромот , јавува NBC.
„Официјално е!“, објави Меѓународниот аеродром Нешвил на социјалните мрежи по гласањето на одборот, кое одборот го опиша како „прв чекор во повеќеслоен процес“.
Доли Партон , која беше сакана од љубителите на кантри музиката ширум светот, почина минатиот месец на 80-годишна возраст по кратка битка со ракот.
„Иако конечното име сè уште не е утврдено, тесно соработуваме со релевантните страни за внимателно да одлучиме како ќе бидат инкорпорирани името и наследството на Доли Партон“, се вели во соопштението на аеродромот.
Управата на аеродромот изјави дека очекува да има поконкретни планови што ќе може да ги презентира пред јавноста во наредните месеци.
Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, му се заблагодари на одборот на директори на аеродромот за одлуката и го нарече гласањето „важен чекор кон почитување на нејзиното извонредно наследство“.
„Доли секогаш помагаше светот да се заљуби во Тенеси“, рече тој.
Според локалните медиуми, меѓународниот аеродром во Нешвил годишно опслужува околу 26 милиони патници, а во однос на точноста на летовите и квалитетот на услугите, е меѓу десетте најдобри во САД.
