back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Албанија доби 50 камикази дронови од Турција

Други наслови

Албанија добила 50 камикази дронови YIHA-III од Турција, како дел од стратешката соработка меѓу двете земји, според податоците од меѓународната база за вооружување SIPRI Arms Transfers.

Овие дронови се класифицирани како „loitering munition“, вид муниција која може долго време да остане во воздух и прецизно да ја погоди целта. Системот е наменет за напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки објекти, а се сместени во воздухопловната база во Кучово, објавија албанските медиуми.

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека дроновите се подарок од Турција и дека нивната цел е да ја зголемат безбедноста на Албанија и придонесот кон НАТО, без да ги загрозат соседните земји.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести