back to top
3.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

АМЕРИКА ГО НАПАДИ ИРАН! Одмаздата за соборениот хеликоптер започна: „Започнавме напади за самоодбрана“

Други наслови

Америка започна напади врз Иран , кои администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги опишува како „напади во самоодбрана“, по инцидентот во кој беше соборен американски хеликоптер AH-64 Apache над Ормутскиот теснец.

Во исто време, Трамп наведува дека САД и Иран се блиску до постигнување мировен договор.

Американската војска објави дека започнала „напади за самоодбрана“ против Иран во последните 20 минути, објави Скај њуз.

Тие започнаа во 17 часот по источно време. Во соопштението од Централната команда на САД (CENTCOM) се наведува дека тие биле извршени по наредба на Доналд Трамп како одговор на соборувањето на американскиот воен хеликоптер „Апачи“.

„Мисијата е пропорционален одговор на неоправданата иранска агресија“, се додава во соопштението.

Иран се заканува со „решителен одговор“ доколку САД нападнат

Иранските државни медиуми цитираа воени извори кои се заканија со „решителен одговор“ доколку САД го искористат падот на хеликоптерот како изговор за непријателства.

Трамп претходно го обвини Иран за соборување на американски хеликоптер „Апачи“ во близина на Оман и рече дека САД „мора“ да одговорат.

Но, ирански воен извор изјави дека во последните 24 часа не се извршени офанзивни воздушни операции во Ормутскиот теснец.

Експлозии во неколку делови од Иран

Експлозии се слушнале во неколку области на Иран, објавија иранските државни медиуми. Ова се случи откако американската војска објави дека започнала со извршување „напади за самоодбрана“ против Иран како одговор на соборувањето на американскиот хеликоптер „Апачи“ вчера.

Новинската агенција Фарс објави дека „неколку експлозии“ се слушнале во источните делови на Хормозган, вклучувајќи ги Кохстак, Сирик и Минаб. „Локалните извори, исто така, објавија за операции на воздушна одбрана во некои делови од покраината“, соопшти агенцијата.

Државните медиуми, исто така, објавија дека бил нападнат стратешки важниот остров Кешм.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести