Англиската репрезентација и тренерскиот штаб беа ограбени ноќта од петок кон сабота пред да пристигнат во Канзас Сити, каде што ќе го играат својот натпревар од првото коло на Светското првенство против Хрватска.
Фудбалската асоцијација на Англија објави дека крадци провалиле во комбињата што ги превезувале нивните работи во Канзас Сити.
Меѓу украдените предмети се фудбалски топки и копачки, а Би-Би-Си објави дека се уапсени двајца осомничени.
Како што објави Би-Би-Си, овој настан би можел малку да ги наруши подготовките на англискиот тим за нивниот тренинг во недела, но тие ќе бидат целосно подготвени за натпреварот против Хрватска, кој ќе се игра во среда во 22 часот.
