Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во интервју за Алсат изјави дека со новите политики, граѓаните на Северна Македонија ќе можат да користат интернет во земјите од ЕУ по исти цени како и во земјата.
Според него, процедурите и четирите потребни прописи веќе се завршени од домашната страна, додека роковите зависат од Европската Унија.
Тој изрази надеж дека процесот ќе започне во текот на 2027 година, нагласувајќи дека не очекува пречки бидејќи законот е подготвен во соработка со сите оператори.
„Од наша страна, ние ги завршивме процедурите, ова значи имплементација на четири регулатори и директиви во македонското законодавство, тоа е Законот за електрични комуникации и подзаконските акти, и овој чекор е завршен, испратен е и одобрен до Владата, а испратен е и до Европската комисија на мислење. Паралелно со ова, Европскиот совет почнува да донесува одлуки Европската комисија да започне преговори со секоја земја од Западен Балкан за постигнување договор за асоцијација и стабилизација, за да може истиот да биде потпишан и ратификуван од Парламентот, со што ќе стапи во сила“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
