back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Арбен Фетаи поднесе оставка од функцијата вицепремиер

Други наслови

Вицепремиерот за добро управување, Арбен Фетаи, денес поднесе оставка од оваа функција.

„Денес му ја поднесов на премиерот мојата оставка од функцијата заменик-премиер задолжен за добро управување.

Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи во реформите насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото, мисија подеднакво важна колку што е и неблагодарна.

„Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со максимална посветеност за да воспоставам здрави темели врз кои ќе градам понатаму? Без никакво двоумење, да“, објавува Фетаи преку својот Фејсбук профил.

Тој додава дека ова е добро осмислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедното и најдостоинственото нешто. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести