back to top
9.8 C
Skopje
четврток, 5 ноември , 2026

Баварскиот министер за економија пронајден мртов во хотел во Берлин

Други наслови

Министерот за економија на Баварија, Хуберт Ајвангер, е пронајден мртов во хотел во Берлин, на 55-годишна возраст.

Веста ја објавија германските медиуми, кои се повикуваат на извори од баварската влада и берлинската полиција.

Според германскиот весник „ Билд “, Ајвангер планирал да присуствува на церемонијата по повод отворањето на канцеларијата на неговата партија во Берлин, но не се појавил на настанот.

Политичарот наводно бил болен пред инцидентот, а неговото отсуство предизвикало загриженост. Неговото тело подоцна било пронајдено во хотел во населбата Мите во германската престолнина.

Неговата смрт е потврдена од извори во баварската влада и берлинската полиција, според извештајот на „Билд“.

Целосните околности на инцидентот сè уште не се откриени, додека причината за смртта останува непозната. Властите сè уште не дадоа дополнителни детали во врска со случајот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести