back to top
21.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Безос: „До Месечината стигаме за три дена“

Други наслови

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД планираат не само да се вратат на Месечината, туку и овој пат да останат таму.

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата „Блу Ориџин“, која се занимава со вселенски патувања, неодамна за американските медиуми зборуваше за патување на Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме таму“, рече Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија, а потоа да се вратиме дома“.

„Ќе создадеме вистинска и одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој потсети дека во 1969 година било потребно да се издвојат околу 3% од американскиот БДП за лет до Месечината и изјави дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината веќе во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе го сториме тоа“, рече Безос.

Тој додаде дека е убеден оти Месечината (до која, вели тој, ќе се стигне за три дена) ќе биде неизбежна логистичка станица кога станува збор за идните човечки мисии на Марс.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести