Русија не ја исклучува можноста да го покани американскиот претседател Доналд Трамп на настаните по повод 81-годишнината од победата на Русија во Втората светска војна, изјави прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Ќе го прашаме американскиот претседател дали може да присуствува или не, објави портпаролот на рускиот претседател во интервју за ТАСС.
– Ќе видиме што ќе се случи со Трамп, барем ќе откриеме дали може или не – рече Песков, одговарајќи на прашањето дали американскиот претседател ќе биде поканет на претстојната парада за Денот на победата.
Русија го слави Денот на победата на 9 мај, во спомен на капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година. Централниот настан е голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва .
