back to top
17.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Браковите се распаѓаат, бројките алармираат – Каде во Македонија разводите се најчести?

Други наслови

Според податоците од Државниот завод за статистика, Македонија продолжува да се соочува со негативен природен прираст. Во 2024 година се родиле 16 061 деца, а починале 20 201 лица, што значи намалување на населението за над 4 000 жители. Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, додека во останатите региони бројот на починати значително го надминал бројот на родени.

Бројот на бракови лани се намалил за 1 600, а разводите се зголемиле за 259. По региони најмногу склучени бракови на 1 000 жители има во Полошкиот регион – над 7,5, а најмалку во Пелагониски и Вардарски – под 5,5.

Најмногу разводи на 1 000 бракови имало во Вардарскиот, Источен и Југоисточен регион – над 200.

По општини најмногу разведени бракови на 1 000 жители имало во Зрновци – 888, Лозово – 500, Росоман – 461, Градско – 437, Делчево – 386, Дојран – 363, Гевгелија – 319, Кавадарци – 316 и Центар – 308.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести